Седум лица завршија во болница по сообраќајна несреќа кај Куманово

пред 3 години

Седум лица со повреди се пренесени во болница, по сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово-Липково, кај селото Опае,

Во несреќата учествувале автомобил „сеат ибица“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.М.(51) од Липково и патничко возило „бмв 730“, со швајцарски национални ознаки, управувано од А.С.(26) од Опае.

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „сеат ибица“, Р.М.(43) од с.Липково, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште четири сопатници од двете возила, констатирани во Ургентниот центар Куманово“, соопшти МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Share
Scroll to Top