Седум пожари денеска во Македонија, три изгаснати

Седум пожари денеска во Македонија, три изгаснати

пред 10 месеци

На територијата на Македонија имаше вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два се активни, два се под контрола и изгаснати се три пожари, информира Центарот за управување со кризи.

Активни се еден пожар во Општина Долнени, во село Долгаец каде гори мешана шума и еден пожар на влезот на Крушево каде гори депонија.

Под контрола е пожарот во Јасен, и еден пожар на планината Кожуф каде гори висока шума.

Изгаснати се пожари во Општина Штип: с. Судик (стрниште); Општина Дебар: с. Елевци (ниска вегетација) и во Општина Куманово: нас. Гоце Делчев (ниска вегетација).

Текстот Седум пожари денеска во Македонија, три изгаснати е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top