ОВР Струга има поднесено кривична пријава против Р.Ч.(58) од струшкото село Драслајца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Според полицијата, пријавениот, во својство на благајник во ЈЗУ „Завод за нефрологија“ во Струга, во периодот од 2018 до 2022 година секој месец во различни износи вршел незаконско зголемување на својата плата, со што го оштетил буџетот на болницата стекнувајќи се со противправна имотна корист од 342.317 денари.