Семејствата од импровизираните живеалишта ќе се згрижуваат во установи

пред 3 години

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за згрижување на семејствата од импровизирани живеалишта во објекти на установи за социјална заштита, при што се задолжува Министерството за труд и социјална политика преку ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје, да донесе решение за сместување, во објект што ги користи ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје.Се укажува на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје со своите стручни тимови да обезбеди поддршка на сместените семејства во насока на остварување на правата од социјална и здравствена заштита, односно за вклучување на пазарот на труд и осамостојување, и еднаш месечно да ја преиспитува семејната и материјалната состојба и станбените услови на сместените семејства, со укажување еднаш месечно да доставува извештај за сместените лица до Министерство за труд и социјална политика (до 5-ти во месецот за претходниот месец). Се укажува на ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје ги преземе неопходните активности за санирање на направените штети заради обезбедување на основни услови за престој во објектот.

Се препорачува Градот Скопје и локалните самоуправи согласно своите надлежности да обезбедат услови за домување на лицата во социјален ризик сместени во објектот ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје, со оглед на тоа што проблемот со домувањето е клучен за решавање на нивната состојба. Се препорачува Градот Скопје и локалните самоуправи преку инспекциските служби редовно да реализираат активности за дислоцирање на бесправно населени лица на јавни површини.

Share
Scroll to Top