Серија настани за тројца македонски автори во рамки на програмата „Музичка култура“

пред 3 години

Локомотива- Центар за нови инцијативи во уметноста и културата од 12 до 14 ноември ја реализира програмата Музичка култура која се бави со истражување, контекстуалиација и презентација на музичката култура.

Програмата обединува серија од три настани посветени на тројца современи музички македонски автори од различна генерација, чија работа се движи во линија помеѓу светската и локалната-автохтона култура во полето на електронската музика. Секој настан ќе започне со краток разговор во кој ќе се запознаеме со авторот, неговото творештво и актуелен процес на работа, но и со можностите за креација и настапи на независните музичари кај нас, а особено сега во пандемски услови.

Настаните ќе се реализираат во Младински културен центар – кино Фросина, (без публика) а ќе може да се проследат преку директен стриминг пренос во живо преку линк објавен на Фејсбук страните на Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата и Младински културен центар, непосредно пред почетокот.

Секој настан ќе започна во 19.00 часот. Како дел од програмата ќе настапат музичките автори:

четврток/12 ноември/ Дева – Виктор Ирвин Иванов
петок/13 ноември/ Мирко Попов
сабота/14 ноември Роботек – Горан Атанасовски

Разговорот ќе го води Виолета Качакова

Музичка култура е програма на Локомотива развиена во рамки на проектот “Програма на Локомотива во Кино Култура проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура”, подржан од Министерство за култура на Република Северна Македонија, курирана од Виолета Качакова, координирана од Зорица Зафировска.

Програмата се реализира во партнерство и соработка со Младински културен центар и ПМГ Рекордингс.

Share
Scroll to Top