Се бара притвор за албанскиот државјанин фатен со 100 килограми дрога во Дебарца

пред 3 години

Oхридското Основно јавно обвинителство започна истрага против 38-годишен државјанин на Албанија, поради сомнение дека сторил кривичното дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Осомничениот вчера околу 20 часот, во Дебарца, бил запрен од полициски службеници додека управувал автомобил „цитроен берлинго“ со албанска регистрација, а во сопственост на друго лице.

При извршен претрес во возилото биле пронајдени 100 килограми марихуана, спакувана во 100 полиетиленски паковки распределени во 5 најлонски вреќи.

Поради потребата од непречено одвивање на кривичната постапка, јавен обвинител доставил предлог за определување на притвор за Албанецот.

Share
Scroll to Top