Се бара притвор за гостиварец фатен со 59 грама марихуана

пред 2 години

Гостиварското основно јавно обвинителство покрена истрага против 20-годишен жител на селото Равен за кого постои сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Како што информираат од обвинителството, во текот на јануари осомничениот набавил одредено количество марихуана и ја препакувал во помали пакувања, со намера да ја препродаде.

При претрес во неговиот дом, на 29 јануари, полициските сужбеници пронашле 58,74 грама марихуана, како и една дигитална вага со остатоци од дрога.

Јавен обвинител до судија од Основниот суд во Гостивар поднел предлог за определување притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои што укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка или да го повтори делото.​​

Share
Scroll to Top