Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

пред 3 часа

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.

Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.

„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.

Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.

Текстот Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top