Се замрзнуваат цените на оризoт, јајцата, тестенините

пред 3 години

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за проширување на листата на производи за кои ќе важат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година во трговијата на мало и на големо, напиша на својот фејсбук статус министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според Бектеши листата се проширува со три нови основни прехранбени производи ориз, јајца и тестенини и има за цел да да се превенираат евентуалните поскапувања на овие основни производи кои исто како и другите основни прехранбени производи масовно се користат во исхраната на населението.

Вели дека  се исклучени  цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година. Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.

Share
Scroll to Top