Се одбележува годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

пред 3 години

Владата денеска ја одбележува 18 годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател Борис Трајковски и членовите на неговиот кабинет што го придружуваа на ова патување како и екипажот на авионот.

На годинешното одбележување од смртта на претседателот Борис Трајковски, на спомен обележјето на несреќата кај Ротимље, близу Мостар во Босна и Херцеговина, венци свежо цвеќе ќе положи државната делегација во која како претставничка на Владата е Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата, задолжена за добро владеење, независниот пратеник Зекир Рамчиловиќ во име на Собранието и Блерим Кољали, посебен советник за национална безбедност како претставник од Кабинетот на претседателоѕ.

Цвеќе на гробот на поранешниот претседател Трајковски, во Бутел во Скопје, ќе положи владината делегација во состав Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи и Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи.

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и Кирил Парталов, државен секретар за локална самоуправа, како претставници на Владата, денеска во Струмица ќе положат цвеќе на споменикот на поранешниот претседател.

Share
Scroll to Top