Невреме со силен дожд и град го зафати Тетово

Се санираат штетите од невремето во Скопје и Тетово

пред 2 години

Ситуацијата со завчерашното невреме што ги зафати Тетово, Скопје и околните општини полека се нормализира.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) известуваат дека 99 отсто од повиците на 112, во текот на последното деноноќие преставуваат барање да се направи записник за претрпена материјална штета, што се трансферира до надлежните во општините, а потоа до владина комисија за понатамошна постапка.

Скопје и Тетово во неделата беа зафатени од силно невреме проследено со дожд и град, предизвикувајќи штети на земјоделските површини, поплавени улици, подруми и објекти, оштетени автомобили, откорнати дрвја.

Текстот Се санираат штетите од невремето во Скопје и Тетово е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top