Силен економски развој на општините, најави Заев од Демир Капија

пред 3 години

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на средбата со жителите на општина Демир Капија го најави Интервентниот план за инвестиции – кој е над 8 милијарди евра.

“Инвеститорите ги носиме во секој град и секое населено место. За нас нема големи и мали општини, важни и неважни. Се определивме за политики на рамномерен регионален развој и тие ќе овозможат луѓето да се определуваат да живеат во родното место, бидејки ќе имаат избор, ќе имаат шанса да работат”, рече Заев.

Додаде дека ќе се утврдуваат заедничките потреби на граѓаните во одреден реон, маало или населба, планирано е да се понудат субвенции, за да се отворат нови локално дефицитарни бизниси и додаде дека со тоа ќе се отворат нови работни места а тоа според Заев ќе биде добро за граѓаните кои за своите потреби како што рече ќе може да се обратат во родното место, а не да прават трошоци по други градови.

Тој низ бројки се осврна на реализираните проекти во минатите 4 години: 60 градинки, 80 училишта, 60 објекти за полицијата, 34 здравствени установи, 20 домови на културата, театри, општински згради и на жителите на Демир Капија им најави изградба на автобуска станица, изградба на пречистителна станица за отпадни води, хортикултурно уредување на село Корешница и инвестиции за развој на спортот и спортски објекти.

Истакна дека како никогаш порано е инвестирано во општините и тоа со рамномерна грижа за сите општини, за секој регион, со опфат на сите жители и најави дека така ќе продолжат и во следните години.

Share
Scroll to Top