Силно понижување за Ковачевски е исфрлањето од фотографијата на Петков, реагира ВМРО-ДПМНЕ

пред 3 години

Силно понижување е исфрлањето на Ковачевски од фотографијата на Петков, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Реакцијата следи откако вчера премиерот Димитар Ковачевски објави дека заедно со својот бугарски колега Кирил Петков имале средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, но Петков го исече Ковачевски кога ја сподели фотографијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, таквиот чин е директно спротивен на тврдењата на Ковачевски дека дувале нови ветришта на пријателство кое го оддувало од фотографијата со Петков.

„Дома се прават пријатели, а пред Светот Ковачевски ме го редат ниту на фотографија. Затоа се должни да одговорат што стои позади ваквото понижување и ваквиот деградирачки однос кон премиерот на Македонија? Вака ли продолжува дијалогот со Бугарија преку понижување на едната страна од учесниците во процесот? И ова ли ќе го премолчи Ковачевски?“, се наведува во реакцијата.

Share
Scroll to Top