Силјановска-Давкова – Вјоса Османи: Двете држави имаат одличен политички дијалог

Силјановска-Давкова – Вјоса Османи: Двете држави имаат одличен политички дијалог

пред 2 години

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова во пресрет на одржувањето на самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа оствари средба со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу.

На средбата беше оценето дека двете држави имаат одличен политички дијалог и беше изразен интерес за натамошно продлабочување на севкупната билатерална соработка и јакнење на добрососедските односи.

Претседателката Силјановска-Давкова посочи дека во интерес на натамошна стабилизација и економски просперитет на регионот е неопходно да вложуваме во регионалната соработка, да се обезбеди непречно одвивање на евроинтеграциските процеси на земјите од регионот, како и доследно спроведување на реформската агенда.

Во таа насока двете претседателки разменија мислења за европската перспектива на регионот, како и за политичките и безбедносните предизвици на регионален и мултилатерален план.

Посочувајќи дека двете држави се значајни трговски партнери, на средбата беше изразена подготвеност за натамошно унапредување на економската соработка и инфраструктурното поврзување.

Текстот Силјановска-Давкова – Вјоса Османи: Двете држави имаат одличен политички дијалог е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top