„Сите нека знаат“ – На скопската Парада на гордоста испратена порака за еднаквост, видливост и почитување на човековите права

„Сите нека знаат“ – На скопската Парада на гордоста испратена порака за еднаквост, видливост и почитување на човековите права

пред 4 часа

Под мотото „Сите нека знаат“, денеска во Скопје се одржа осмото издание на Скопје Прајд. Учесниците на маршот испратија пораки за еднаквост, видливост и почитување на човековите права.

Според организаторите, ЛГБТИ+ заедницата и понатаму се соочува со дискриминација, стигматизација и чувство на несигурност, особено кај младите лица поради нивната сексуална ориентација или родов идентитет.

Организатор на настанот е Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Оттаму порачаа дека Парадата на гордоста и годинава е повик за почитување на човековите права, достоинството и еднаквите можности за сите граѓани.

Текстот „Сите нека знаат“ – На скопската Парада на гордоста испратена порака за еднаквост, видливост и почитување на човековите права е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top