Сиљановска-Давкова: Во време когa целото човештво се соочува со сериозни конфликти, само со сплотеност и меѓусебно уважување можеме да градиме здраво општество

Сиљановска-Давкова: Во време когa целото човештво се соочува со сериозни конфликти, само со сплотеност и меѓусебно уважување можеме да градиме здраво општество

пред 3 часа

Рамазан бајрам е израз на длабока вера, духовност, милосрдие, хармонија и љубов.
Енергијата и топлината на светиот месец не се присутни само во исламските верски објекти и во домовите на нашите сограѓани од исламска вероисповед, тие се чувствуваат во целата заедница, напиша во честитката претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам.

„Во време когa целото човештво се соочува со сериозни конфликти, војни, кризи, климатски промени и кога насушно ни се потребни мир и стабилност, само со сплотеност, почитување и меѓусебно уважување можеме да градиме здраво општество и просперитетна татковина.

Да продолжиме да ја негуваме пријатната атмосфера во текот на целата година и да бидеме исполнети со благост, солидарност и емпатија. Со цврста волја, силна верба и заедништво, ќе ги надминеме сите предизвици и тешкотии.

Бајрам Шериф Мубарек Олсун.

Благословен и честит нека е празникот Рамазан бајрам“, пишува Сиљановска-Давкова.

Текстот Сиљановска-Давкова: Во време когa целото човештво се соочува со сериозни конфликти, само со сплотеност и меѓусебно уважување можеме да градиме здраво општество е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top