Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Словачка

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Словачка

пред 4 часа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во официјална посета на Република Словачка.

Утре, 02 јуни, во Братислава, претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини. Предвидено е претседателите да одржат тет-а-тет средба, по што следи пленарен состанок на македонската и словачката делегација.

Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со претседателот на Националниот совет на Република Словачка, Рихард Раши, како и со потпретседателот на Владата на Република Словачка и министер за одбрана, Роберт Калињак.

Предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да положи венец пред Споменикот на слободата, во меморијалната област Девин.

Сиљановска-Давкова во Националниот центар за култура и образование во Братислава ќе ја посети групната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“, со дела на македонските уметници: Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска.

Текстот Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Словачка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top