Скопските јавни институции треба да постават пристапни рампи за лица со попреченост во рок од 60 дена

пред 2 години

Скопската градоначалничка, Данела Арсовска, издаде писмен налог до сите јавни институции под надлежност на градот да направат проценка и да постават пристапни рампи за лица со попреченост.

„Рокот за имплементација на оваа активност е 60 дена, а поставувањето на пристапните рампи е дел од програмата на Град Скопје за овозможување поголема пристапност за лицата со попреченост до институциите во градот“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека Град Скопје започнува сеопфатна програма за еден од главните приоритети за остварувањe на правата на лицата со попреченост, односно подобрување на квалитетот на секојдневното живеење и создавање услови за независен живот.

Share
Scroll to Top