Скопјанец баран со потерница поради тешки кражби, уапсен во Штип

пред 5 години

Полициски службеници од СВР Штип во утринските часови на 8 декември во Штип лишиле од слобода 44-годишен скопјанец со иницијали Н.К.

Тој се барал со потерница поради сомнение дека е сторител на две тешки кражби на подрачјето на скопската општина Гази Баба.

При контрола во автомобил БМВ, со скопски регистарски ознаки, кој го управувал 44-годишникот, биле пронајдени и одземени 4.960 евра, златен накит, два мобилни телефона, а исто така, било одземено и возилото.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а по негови насоки и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top