Скопјанец изнајмил автомобил, па ја известил ретакар-фирмата дека го продал во Тетово

пред 3 години

Полицијата во Гази Баба поднесе кривична пријава против А.А.(20) од Скопје, поради „затајување“, „фалсификување исправа“ и ,,употреба на исправа со невистинита содржина“.

„На 7 август на Меѓународниот аеродром во Скопје, пријавениот склучил договор со фирма за користење на патничко возило „ауди А5“ за период од 7.08. до 15.08.2020 и за услугата платил 34.389 денари, но возилото не го вратил и со смс-порака го известил вработениот дека возилото го продал на лице од Тетово“, соопшти МВР.

Share
Scroll to Top