Скопјанец кршел во продавница, нападнал жена, а потоа и полицајците кои дошле на терен

пред 4 години

Триесетгодишен скопјанец синоќа бил приведен во населбата Аеродром.

Тој ги нападнал полициските службеници кои дошле на терен откако до нив стигнала пријава дека мажот насилно се однесува и го крши инвентарот во продажен објект наспроти „Мајчин дом“.

Во полицијата било и пријавено дека скопјанецот претходно физички ја нападнал и А.Т.(50) од Скопје.

„Тој е предаден на полициски службеници од Полициска станица Аеродром. Се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од полицијата

Share
Scroll to Top