Скопјанец лажно пријавил разбојништво

пред 2 години

Полициски службеници од Единица за внатрешни работи Карпош расчистија случај пријавен на 05.10.2021, од страна на И.Б.(39) од Скопје, според кој на 04.10.2021 околу 12.00 часот на кејот на р.Вардар, во близина на мостот „Газела“, од страна на три лица му било извршено кривично дело „разбојништво“, при што му биле одземени два мобилни телефона, соопшти полицијата.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

По преземени мерки и активности било утврдено дека едниот мобилен телефон од пријавата, почнувајќи од мај 2021 година, односно пред пријавувањето на кривичното дело, го користел 42-годишен скопјанец, со што се докажало дека И.Б. лажно пријавил кривично дело „разбојништво“, велат надлежните.

Против И.Б. ќе биде поднесена кривична пријава за „лажно пријавување на кривично дело“, по Кривичниот законик.

Share
Scroll to Top