Скопјанец од Топаана со нож ја нападнал соседката, па се вмешала и ќерката – има повредени

пред 3 години

Крвава драма се случувала во скопската населба Топаана кога маж со нож ја нападнал соседката. Потоа нејзината малолетна ќерка му го зела ножот и го нападнала него.

„Синоќа во населбата Топаана, додека М.С.(47) од Скопје бил во неговиот дом со семејството, дошол соседот Н.И.(46) од Скопје и започнал вербална расправија, која прераснала во меѓусебна физичка пресметка. Малку подоцна во дворот Н.И. со остар предмет ја повредил С.Д.(46), сопруга на М.С., а нивната малолетна ќерка му го одзела остриот предмет и со него го нападнала Н.И.. Со повреди се здобиле С.Д. и Н.И., по што биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охрдски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош“, велат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

Share
Scroll to Top