Скопјанец починал од струен удар во куќата на негов пријател

пред 3 години

49-годишен скопјанец починал од струен удар додека извршувал градежни работи во куќа на неговиот пријател.

Според полицијата вчера околу 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Герника 2“ во Скопје, Н.А.(49) од с.Студеничани, скопско, додека извршувал градежни работи на куќа на негов пријател, починал од струен удар.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на семејството.

Share
Scroll to Top