Скопјанец со фалц ПЦР тест сакал да се качи на лет за Истанбул

пред 3 години

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 21-годишен скопјанец за кривично дело фалсификување исправа.

На 24 април, тој се обидел да замине за Истанбул со лет од скопскиот аеродром, употребувајќи фалсификуван сертификат за негативен ПЦР тест.

Иако знаел дека не се тестирал во наведената лабораторија и дека таков сертификат не е издаден на негово име, осомничениот пред аеродромските службеници ја прикажал лажната исправа како вистинска.​​

Share
Scroll to Top