Скопјанец фатен со над 26 илјади парчиња петарди на наплатната рампа кај Желино

пред 2 години

Полициски службеници од СВР Тетово утрово околу 7 часот на наплатната станица Желино, лишиле од слобода 53-годишен скопјанец со иницијали Н.И.

Како што информираат од МВР, при преглед на автомобилот што го управувал „фиат добло“, во сопственост на скопска фирма, биле пронајдени 26.540 разновидни петарди и друга пиротехника и 77 килограми тутун.

Пронајденото е фотодокументирано и одземено за вештачење, а скопјанецот е задржан во полициската станица Тетово за расчистување на случајот, по што против него ќе бидат изготвени соодветни пријави.

Share
Scroll to Top