Скопјанец ја силувал својата 29-годишна ќерка

пред 3 години

Во пладневните часови на 10 ноември од страна на полициски службеници од СВР Скопје бил уапсен 62-годишен скопјанец со иницијали М.Г.

Како што информираат од МВР, истиот ден во раните утрински часови, неговата 29-годишна ќерка во полициска станица пријавила дека на 9 ноември во 22 часот во семејната куќа во Скопје врз неа била извршена обљуба и во неколку наврати била физички нападната, од страна на нејзиниот татко.

М.Г. е задржан во полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Share
Scroll to Top