Слаткар, Лепа Брена и Ацо Пејовиќ во Крива Паланка за Пресвета Богородица и Св. Јоаким Осоговски

Слаткар, Лепа Брена и Ацо Пејовиќ во Крива Паланка за Пресвета Богородица и Св. Јоаким Осоговски

пред 7 часа

По повод големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица и чествувањето на Св. Јоаким Осоговски – патрон и заштитник на Крива Паланка, Општина Крива Паланка подготвува голем музички спектакл на Градскиот стадион.

На 29 август, на една сцена ќе настапат три големи музички имиња – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар – во вечер исполнета со најголемите хитови, силни емоции, врвна енергија и атмосфера за паметење.

Музичката вечер ќе ја отвори Слаткар со својот препознатлив современ звук и енергија. Потоа следува настапот на балканската музичка икона Лепа Брена, а големата вечер ќе ја заокружи Ацо Пејовиќ.

„На 29 август Крива Паланка ќе биде место на празнично заедништво, музика и незаборавни емоции. Ги поканувам граѓаните од цела Македонија и нашите пријатели од регионот да бидат дел од оваа голема вечер. Да го исполниме Градскиот стадион и заедно да создадеме спомени што ќе останат. На 29 август, сите патишта водат кон Крива Паланка!“, повика градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

 

Текстот Слаткар, Лепа Брена и Ацо Пејовиќ во Крива Паланка за Пресвета Богородица и Св. Јоаким Осоговски е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top