Словенечкиот вицепремиер Здравко Почивалшек утре во официјална посета на Македонија

пред 2 години

Вицепремиерот и министер за економски развој и технологија на Република Словенија, Здравко Почивалшек утре ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Почивалшек ќе биде пречекан од министерот за економија Крешник Бектеши по што ќе биде реализирана билатерална средба на двајцата министри.

Двајцата соговорници ќе разговараат за унапредување на економската и трговската соработка помеѓу двете земји.

Почивалшек и делегацијата од Словенија ќе пристигне во Министерството за економија во 11 часот, а по средбата се предвидени изјави.

Share
Scroll to Top