Сменета единицата за борба против дрогата во Куманово, Јанев: Кога резултатите изостануваат, следува одговорност

Сменета единицата за борба против дрогата во Куманово, Јанев: Кога резултатите изостануваат, следува одговорност

пред 3 часа

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Куманово, каде што во фокусот беа безбедносната состојба и борбата против нелегалната трговија и дистрибуција на дрога и психотропни супстанции на подрачјето на Куманово, Кратово и Крива Паланка.

По 11 недели од формирањето на Работниот тим за борба против дрогата, констатирани се недоволни резултати, соопшти МВР.

Поради тоа, на предлог на директорот Јанев, со одобрение од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, распуштена е регионалната организациска единица во рамки на криминалистичката полиција при Секторот за внатрешни работи Куманово, задолжена за борба против трговијата со дрога.

Сите членови на единицата се разрешени и упатени на други работни места, а на нивно место се поставени нови полициски службеници.

„Во борбата против криминалот нема простор за работа само на хартија. Потребни се конкретни акции, откриени сторители, запленета дрога и разбиени криминални мрежи. Кога резултатите изостануваат, следува одговорност – без изговори и привилегии“, порача Јанев.

Тој најави дека ќе продолжат одлучните чекори секаде каде што ќе биде констатирано неработење или отсуство на резултати.

Текстот Сменета единицата за борба против дрогата во Куманово, Јанев: Кога резултатите изостануваат, следува одговорност е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top