Собранието доби мрежна опрема – хардвер и софтвер

пред 3 години

Во рамки на Програмата за Парламентарна поддршка на Собранието, финансиски поддржана од страна на Швајцарката Конфедерација, Собранието соопшти дека е склучен договор за јавна набавка на мрежна опрема – хардвер и софтвер.

„ Потребата за оваа набавка е со цел зголемување на квалитетот на работата на Собранието, особено во делот на можностите за неговата отвореност и транспарентност кон граѓаните. Благодарение на нашите пријатели и поддржувачи го трансформираме Собранието за сите наши граѓани да имаат отворена, одговорна и инвентивна законодавна власт“ напиша на Фејсбук претседателот на собранието, Талат Џафери.

https://www.facebook.com/talatxhaferi/posts/1443345719187272

Претходно во јавноста се крена врева дека Собранието набавува скапи лаптопи во време кога ученици немаат уреди за следење онлајн настава.

Од собранието образложија дека набавката е всушност донација и дека нема да се потрошат буџетски пари за набавката на опремата.

Share
Scroll to Top