Советот на амбасадори со честитка по повод изборот на Бајден за нов прeтседател на САД

пред 3 години

Советот на амбасадори упатува срдечни честитки по повод изборот на Џозеф Бајден за претседател на САД и за изборот на Камала Харис за негов потпретседател, како прва жена на оваа функција и воопшто првата јужноазика Aмериканка која успева до Белата куќа.

„Северна Македонија и САД се блиски пријатели и сојузници. Двете земји споделуваме заеднички интереси и приоритети, од мирот и безбедноста во Западниот Балкан, просперитетот на трансатлантските односи, до климатските промени“, стои во соопштението на Советот на амбасадори.

Во него се изразува надеж дека новата американска администрација ќе продолжи да вложува во стратешкото партнерство со нашата земја.

„Американската постојана поддршка кон нашата земја од денот на нејзионо осамостојување низ патот кон евроатланстките асоцијации преставува цврста основа за понатамошно унапредување и продлабочување на соработката во областа на безбедноста, демократските процеси, борбата против корупцијата, и сите области од заеднички интерес за двете земји“, се наведува во пораката.

Share
Scroll to Top