Од почетокот на новата работна седмица до почетокот на викендот времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, која ќе биде поизразена во среда и четврток, соопшти УХМР.
Утре времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степени, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 19 степени, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Текстот Сонце и температури до 38 степени, но и пороен дожд и грмежи – УХМР со прогноза за новата седмица е превземен од МАКФАКС.






