Сончево време со максимални температури до 9 степени

пред 3 години

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работо.

Додаваат дека ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне од -1 до 9 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

Во текот на изминатата ноќ било ведро, а најниски минимални температури измерени се во: -14 Берово, -13 Битола, -10 Скопје-Петровец и Прилеп, -9 Крива Паланка, Демир Капија и Куманово, -8 Тетово, Претор, Штип и Струмица, -7 Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија, -6 Охрид, -5 Крушево и Дебар.

Висината на снжната покривка до 7 часот утрово изнесувала 32 сантиметра во Попова Шапка, 14 Битола, 7 Маврови Анови и Крушево, 3 Дебар, Охрид и Претор и 1 сантиметар во Крива Паланка.

Share
Scroll to Top