Сончево време со слаб ветер

пред 4 години

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната од 8 до 17 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб северен ветер.  Утринската температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 14 степени, јави УХМР.

Во наредните денови, следува период на стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските во следните два дена на повеќе места ќе бидат негативни и под просекот за овој период од годината.

Share
Scroll to Top