Сончево и ветровито, од утре посвежо со врнежи од дожд

пред 3 години

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност во јужните делови и со слаб јужен ветер. Наутро ќе биде посвежо. Минималната температура ќе се движи во интервал од еден до 10, а максималната од 20 до 26 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура до шест степени и максималната до 24 степени.

Од утре следува период на претежно облачно и значително посвежо време со врнежи од дожд со променлив интензитет. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните и југозападните делови. Утре и задутре ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Share
Scroll to Top