Сончево и потопло со локална облачност и температури до 25 степени

пред 2 години

Денеска, времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер, претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 18 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност и со слаб претежно југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло.

Под влијание на постудена воздушна маса од ноќта кон недела ќе се зголеми облачноста. Потоа преку денот ќе почнат врнежи од дожд, повремено поројни, проследени со засилен северен ветер и појава на грмежи, а температурите ќе бидат пониски за 6 до 9 степени во однос на претходниот ден, информира УХМР.

Share
Scroll to Top