Сончево со мала облачност, попладне дожд и грмежи

пред 3 години

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во јужните делови ќе има повеќе сончеви периоди. Во пладневните и попладневните часови ќе има зголемена облачност и претежно во северозападните делови појава на краткотраен локален пороен дожд и ретки грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 36 степени, а УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје променливо облачно, од пладневните часови со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 32 степени.

Следните денови претстои сончево време со повисоки температури. Во следните три дена времето ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 8. Минималните температури ќе бидат во интервал од 12 до 21 степен, а максималните од 28 до 38 степени.

Услови за изолирана нестабилност ќе има в четврток и на почетокот на викендот.

Share
Scroll to Top