Сончево со умерена облачност, дневните температури до 20 степени

Сончево со умерена облачност, дневните температури до 20 степени

пред 3 часа

Сончево време со умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец нè очекува денеска низ земјава. Минималните температури ќе се движат од 0 до 7 степени, додека максималните ќе достигнат од 13 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 5 степени, а дневната ќе достигне до 18 степени.

Стабилно и релативно топло време се очекува и во наредните денови, со променлива облачност во текот на денот.

Текстот Сончево со умерена облачност, дневните температури до 20 степени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top