Сообраќајот на патот Кочани – М. Каменица во прекин поради одрон

пред 3 години

ЈП „Македонијапат“ информира дека сообраќајот на патниот правец А3 Кочани – М.Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци, кај Ајдучки Камен, е целосно во прекин поради одрон.

За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец Р2345 Кочани – Виница – Бигла – Делчево.

Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Р1304 Кочани – Виница – Берово – Делчево.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Share
Scroll to Top