Сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози, намалена видливост на неколку патни правци

Сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози, намалена видливост на неколку патни правци

пред 4 недели

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.

Намалена видливост до 100 метри поради појава на магла има во Сарамзалино, Неготино и Струмица.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Текстот Сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози, намалена видливост на неколку патни правци е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top