Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, се сретна со премиерот на Република Албанија и претседател на Социјалистичката партија, Еди Рама, за да му ја честита победата на изборите одржани на 11 мај, се истакнува во партиското соопштение.
Средбата, како што е наведено, се одржала во просториите на владата во Тирана во пријателска и братска атмосфера.
„По тој повод Таравари ја пренесе најискрената честитка во име на Алијансата за Албанците за изборната победа и повторното добивање на довербата од граѓаните за Социјалистичката партија и нејзината визија за Албанија.
„Со најевропскиот премиер во моментот или како што сите велат во овие денови: со Еди“, напиша Таравари по средбата.
За време на разговорот, според соопштеното, биле дискутирани и прашања од значење за Албанците во регионот, како и потребата за зајакнување на меѓуалбанската соработка на сите нивоа – политичко, институционално и општествено.
„Алијансата за Албанците високо ја цени улогата на Албанија како клучен фактор во поддршката на демократскиот развој и правата на Албанците во регионот и изразува подготвеност за понатамошно продлабочување на таа соработка“, стои во напишаното.
Текстот „Со најевропскиот премиер, со Еди“: Таравари се сретна со Рама е превземен од МАКФАКС.