Со пари од кредитот од Светска банка ќе се делат бонуси за лекарите

пред 4 години

На денешна седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од реструктуирање на Проектот за итно справување со Ковид-19, односно на заемот од Светска Банка во висина од 90 милиони евра, и за оваа своја намера да ја извести банката.

Со реструктуирањето на планот за користење на овој заем ќе се обезбедат средства за финансиска награда за здравствените работници за зголемен обем на работа во борбата со вирусот во висина од 7,7 милиони евра за исплата на планираниот бонус за период од девет месеци, односно од април заклучно со декември 2020 година, информираат од владината прес-служба.

Дел од средствата ќе бидат пренаменети за набавка на опрема за регионалните здравствени центри, како и за финансирање на набавка на вакцини, додаваат од Владата.

Share
Scroll to Top