Спасовски: Во 2021 остваривме сериозен успех во борбата против шверц на дрога

пред 2 години

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, цени дека во 2021 полицијата постигнала сериозен успех во борбата против недозволена трговија со дрога.

„Пресечени се 16 меѓународни транспорти на марихуана и хашиш, со одлични резултати во заплената на наркотична дрога во вкупна проценета вредност од 15 милиони евра“, објави Спасовски на социјалните мрежи.

Министерот наведува дека во 2022 година врвен приоритет и натаму ќе бидат борбата против недозволената трговија со дрога, организираниот криминал и корупцијата, миграцијата, тероризмот и сајбер-криминалот.

Share
Scroll to Top