Спасовски на чешкиот амбасадор во заминување му заблагодари за поддршката за МВР

пред 5 години

Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа средба помеѓу министерот Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и чешкиот амбасадор во заминување, Мирослав Томан.

Како што информираат од ресорното министерство, на средбата беше изразено обострано задоволство од интензивната соработка меѓу чешката амбасада и МВР.

Притоа била нагласена безрезервната поддршка од страна на амбасадата, со која преку донации, како и преку реализација на голем број обуки, се придонело за унапредување на капацитетите на вработените во МВР.

Истовремено, на средбата била нотирана и континуираната поддршка од страна на чешката полиција при спроведувањето на заедничките операции на нашата јужна граница, што придонесува за успешно справувањето со илегалната миграција и сузбивањето на прекуграничниот криминал.

Share
Scroll to Top