Спасовски: Oбрасци за лични карти има, но кочница е законот

пред 3 години

Не фалат обрасци за лични карти, системот е добар, само треба да се изгласа Законот за лични карти, напиша министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на неговиот профил на „Фејсбук“.

„Не обвинувам, само ги повикувам тие што се платени од граѓаните да ја вршат работата, да го изгласаат Законот за лични карти, бидејќи овој проблем покренува многу проблеми во секојдневното функционирање и мора да бараме излезно решение за да граѓаните ги остварат своите права“, посочи Спасовски.

Министерот апелира секој еден функционер одговорно да пристапи и да им служи на граѓаните.

Share
Scroll to Top