Средба Лога – Ал Самани во Саудиска Арабија

Средба Лога – Ал Самани во Саудиска Арабија

пред 2 години

По неполни шест месеци од потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу Република Северна Македонија и Кралството Саудиска Арабија, министерот за правда, Кренар Лога, беше поканет од страна на својот колега, министерот за правда, Валид Мухамед ал-Самани, на работен состанок. Во рамките на посетата, министерот Лога, кој беше придружуван од претставници од неколку институции од РСМ, оствари посети на неколку институции со цел да се запознае поблиску со правосудниот систем на Саудиска Арабија.

На состанокот министерот Лога го запозна својот колега со сите активности што ги презема во рамките на својот ресор, а се со цел успешно реформирање на правосудниот систем преку формираните работни групи и тела, како и неодамна донесената стратегија за правосудство во согласност со која ќе се одвива реформскиот процес.

Кралството Саудиска Арабија има една од најдобрите развиени дигитализации во светот, што се докажува со одржување повеќе од 90 % онлајн-судења. Токму поради ова, министерот Лога потенцира дека е од особена важност за РСМ, како земја кандидат за членка во ЕУ, соработката првично да се насочи во експертска и техничка поддршка за успешно дигитализирање на правосудството.

Заеднички ги дискутираа сличностите и разликите во двата правосудни система со цел преку размена на искуства да се придонесе до успешна примена во пракса.

Со посебно внимание министерот Валет го следеше излагањето на својот колега и вети несебична помош и поддршка со испраќање на најдобриот тим во РСМ со цел да се запознае со работата на ИКТ-советот при МП, со што и директно ќе им се сподели експертска помош, креирање и имплементирање нов софтверски систем, со цел успешно владеење на правото.

На крајот од средбата, двајцата министри си ветија дека фокусот ќе биде насочен во успешно имплементирање на договорените активности.

Текстот Средба Лога – Ал Самани во Саудиска Арабија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top