Средба на Пендаровски со заменикот премиер на Катар-разгледани можности за интензивирање на одбранбената соработка

пред 2 години

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими заменик премиерот и министер за одбрана на Државата Катар, Калид бин Мохамед Ал Атија.

На средбата беше изразено задоволство од позитивниот тренд во развојот на политичкиот дијалог и билатералните односи меѓу двете земји, и беа разгледани можностите за интензивирање на одбранбената соработка со Катар.

Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, ја поздравил конструктивната политика на Катар во одржување на регионалната стабилност и нивната улога за унапредување на глобалната безбедност, и изрази поддршка за активностите кои ги презема Катар во рамки на Истанбулската иницијатива за соработка.

Притоа, се заблагодарил за укажаната поддршка од Катар, при евакуацијата на македонските граѓани од Авганистан, како и за демонстрираната солидарност и помош за справување со пандемијата на Ковид-19.

Во контекст на одбраната, беа презентирани можностите за продлабочување на соработката преку спроведување заеднички воени обуки и инвестиции во инфраструктурни проекти, при што беше изразена подготвеност за унапредување на соработката во борбата против глобалните закани, тероризмот, кибер одбраната, справување со хибридни напади и лажни вести.

Соговорниците укажаа дека од клучен интерес за развојот на билатералните односи, искористување на економските потенцијали во целост и реализација на конкретни проекти, е натамошно унапредување на правната рамка меѓу двете земји.

На средбата беа разменети мислења за развојот на настаните во двата региона, за актуелните случувања во Украина и безбедносната состојба на европскиот континент.

Share
Scroll to Top