Српски државјанин уапсен кај Гевгелија, шверцувал мигранти од Куба

пред 3 години

Полицијата приведе 19-годишен српски државјанин осомничен за шверц на мигранти од Куба.

Според информациите од МВР, вчера на бензинска пумпа на автопат А1 – Гевгелија, полициски службеници го привеле Е.Е.(19) од Србија, затоа што во возило „форд галакси“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 14 државјани на Куба, од кои две малолетни, со нелегален престој во државата.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top