Стејт департментот: Ги поздравуваме напорите на Северна Македонија и Бугарија за решавање на спорот

пред 2 години

Сега е време да се даде приоритет на мирот и безбедноста на Западен Балкан, изјави Стејт департментот за Гласот на Америка, одговарајќи на прашањето дали САД се загрижени за информациите од Бугарија дека постои ризик Западен Балкан да стане регион на нестабилност поради делување на руски агенти.

Реакцијата следи откако пред неколку дена бугарскиот премиер Кирил Петков предупреди дека Бугарската државна агенција за национална безбедност истражува шпиони кои работат против разбирање меѓу Северна Македонија и Бугарија, како и против европската иднина на Западниот Балкан.

Во врска со тоа дали САД очекуваат до крајот на француското претседателство со Европската Унија да се тргне бугарското вето и да се постигне договор меѓу Скопје и Софија, од Стејт департментот велат дека ги поддржуваат напорите за решавање на спорот.

„Ние продолжуваме да ги поддржуваме ЕУ аспирациите на сите земји од Западен Балкан. Ги поздравуваме напорите на владите на Северна Македонија и Бугарија за решавање на ова прашање“, велат од Стејт департментот за „Гласот на Америка“.

Share
Scroll to Top